дома Балкан Милена Ивановиќ: Странците ги кријат снимките за убиството на Оливер

Милена Ивановиќ: Странците ги кријат снимките за убиството на Оливер

388
0
АКЦИЈА

Жената на убиениот лидер на СДП Милена Поповиќ Ивановиќ верува дека некој се обидува да ја сокрие вистината за убиството на Оливер Ивановиќ, а за “Курир” вели дека се бројни нелогичностите и лажните образложениа во врска со сателитските снимки кои уверуваат дека постои опструкција во истрагата.

“Ја имам истата информација која претседателот Александар Вучиќ ја обелодени, а тоа е дека сетелитска снимка наводно не постои затоа што тој ден имало магла. Знаете многу добро дека тој ден го памтам како ниеден друг во животот и многу добро се сеќавам дека тој ден апсолутно немаше магла. Исто така ми е нелогично дека на сателистската снимка може да и смета магла. Не ми пие тоа вода и не ми се допаѓа. Еве, како лаик се прашувам како тогаш во Лондон, каде што годишно има 300 магловити денови, сателитите работат беспрекорно”, вели Милена Ивановиќ за “Курир”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here