дома Балкан Заев бараше снимката за „Поткуп“ да се гледа во присуство на јавноста,...

Заев бараше снимката за „Поткуп“ да се гледа во присуство на јавноста, но тоа нема да се случи

514
0
АКЦИЈА

Апелационите судии ја прифатија жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, па снимката за „Поткуп“ ќе се гледа без присуство на јавноста. Претходно, Заев бараше снимката да се гледа со присуство на јавноста. Тој рече дека побарал јавноста да биде присутна поради фактот дека е премиер и претседател на најголемата политичка партија, со цел да врати дел од загубените чест и углед во јавноста што му биле нарушени со нејзиното делумно објавување.

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот на СЈО, „Поткуп“, во кој е обвинет актуелниот премиер, Зоран Заев. Минатото рочиште кое беше одложено, се одржа во новата зграда на кривичниот суд со слушањето на разговори од посебните истражни мерки.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Извор: Макфакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here