дома Македонија Заев: Нападот во Собранието беше напад врз демократијата

Заев: Нападот во Собранието беше напад врз демократијата

513
0
АКЦИЈА

Нападот на 27 април во Собранието не беше напад против нас туку против демократијата, тоа беше повеќе од криминал…, рече меѓудругото премиерот Зоран Заев на заедничката прес – конференција во Собранието на РМ со претдсетлот на Парламентот Талат Џафери, на годишнината од насилствата на 27 април.
Заев кажа дека се уште не може да прифати дека некои од оние што влегоа во Собранието тој ден биле подготвени и за ликвидација на некои припадници во Собранието.

Премиерот потенцираше дека мора да има правна разрешница на случајот и дека, сепак, овој настан ги поттикнал уште повеќе реформите.

Претседателот на Собранието Џафери кажа дека тој може да им прости на сите оние што предизвикаа насилство на 27 април, но дека како прв парламентарец нема да дозволи тоа да се повтори. Им се заблагодари на сите оние што им помогнале да се излвечат од таа ситуација на 27 вклучувајќи ги и некои припадници на МВР.

На прес – конференцијата присуствуваа и пратеници на СДСМ и ДУИ, градонацалници и министри, кои лани беа во пратеничките клупи, припадници на МВР…

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here