Американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на серијалот “Песната на ледот и огнот”, почна нов проект – но не и продолжување на серијалот. Издавачката куќа Рендом Хаус соопшти дека приквелот на серијалот под наслов “Fire and Blood” ќе биде издаден 20. ноември.
“Fire and Blood” е прва од двете планирани книги кои издавачот ги нарекува “конечна историја на Таргарјен во Вестерос”. истовремено, во врска со долгоочекуваниот продолжеток на серијалот, Мартин вели дека ништо не треба да се очекува оваа година.
Љубителите на серијалот со години се желни за вести за тоа како ќе биде завршена книгата “Winds of Winter”, шестиот дел на серијалот.
“Ќе морате уште да чекате”, порача денес Мартин.
Книгите од серијалот “Песна на ледот и огнот” продадени се во милиони примероци и основа се за телевизиската серија “Игра на престолите”.