дома Балкан Заев: 27 април беше срам за државата

Заев: 27 април беше срам за државата

459
0
АКЦИЈА

По повод годишнината од инцидентите во Собранието на 27 април, премиерот Зоран Заев вели дека од тој настан, кој бил срамен за граѓаните и државата, треба да извлечеме поука за никогаш да не се повтори.

Прашан дали верува во правна разрешница за овој случај, тој додаде дека лицата кои се огрешиле пред закон, ќе бидат извадени пред системот на правдата, согласно доказите.

„Јавноста беше сведок на целиот настан и убеден сум дека правниот систем нема да затаи и дека ќе донесе правична и правилна одлука. Овој датум треба да го одбележиме поради помладите генерации со кои што ќе испратиме порака да не се повтори“, одговори Заев на денешната прес-конференција во Влада, на која беше потпишан договорот со УНДП, за годишната програма за вработување.

Тој додаде дека, како држава, од овој настан излеговме посериозни и потрезвени, и денес, како што потенцираше, на светот му испраќаме порака дека се срамиме од тој ден, и дека како народ не сме такви, туку сме пријателска земја.

Извор: Мета

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here