дома Живот Џорџ Мартин пишува нова книга, но не и продолжеток на серријалот

Џорџ Мартин пишува нова книга, но не и продолжеток на серријалот

91
0
АКЦИЈА
Co-executive producer George R.R. Martin arrives for the season premiere of HBO’s “Game of Thrones” in San Francisco, California March 23, 2015. REUTERS/Robert Galbraith – RTR4UKKP

Американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на серијалот “Песната на ледот и огнот”, почна нов проект – но не и продолжување на серијалот. Издавачката куќа Рендом Хаус соопшти дека приквелот на серијалот под наслов “Fire and Blood” ќе биде издаден 20. ноември.

“Fire and Blood” е прва од двете планирани книги кои издавачот ги нарекува “конечна историја на Таргарјен во Вестерос”. истовремено, во врска со долгоочекуваниот продолжеток на серијалот, Мартин вели дека ништо не треба да се очекува оваа година.

Љубителите на серијалот со години се желни за вести за тоа како ќе биде завршена книгата “Winds of Winter”, шестиот дел на серијалот.

“Ќе морате уште да чекате”, порача денес Мартин.

Книгите од серијалот “Песна на ледот и огнот” продадени се во милиони примероци и основа се за телевизиската серија “Игра на престолите”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here