дома Балкан Китаровиќ: Нарушени односите меѓу Србија и Хрватска

Китаровиќ: Нарушени односите меѓу Србија и Хрватска

436
0
АКЦИЈА

Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ изјави денес во Шибеник дека односите меѓу Хрватска и Србија сега се нарушени, по инцидентот кој се случи во српската скупштина кој го предизвика Воислав Шешељ со знамето и вреѓањето на хрватската парламентарна делегација.

“Србија сега мора да утврди да ли Шешељ стварно го направил тоа што вели дека го направил. Во случај да се утврди дека стварно го газел знамето на РХ, би требало адекватно да се казни. а казната за такви дела во Србија е три месеци затвор или новчана”, рече Китаровиќ, пренесоа хрватските медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here