дома Свет Шефот на ЦИА тајно се сретнал со Ким Џонг Ун

Шефот на ЦИА тајно се сретнал со Ким Џонг Ун

478
0
АКЦИЈА

Кандидатот за државен секретар на САД и шеф на ЦИА Мајк Помпео неодамна отпатува во Северна Кореја како би се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, што беше многу необична и тајна посета до која дојде во време на подготовките за средбата помеѓу Ким и претседателот на САД Доналд Трамп.

Две неименувани официјални лица синоќа потврдија дека дошло до тоа патување.

Листот Вашингтон пост, кој прв извести за средбата меѓу Помпео и Ким, наведе оти се се одиграло во текот на велигденскиот викенд, недолго по што Помпео е, номиниран за државен секретар.

Трамп рече дека САД и Северна Кореја водат директни разговори на “екстремно високо ниво” и дека за местото на состанок се размотруваат пет локации.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс рече дека Трамп и Ким не разговарале.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here