Во Сараево 6. јули ќе биде одржана 38. Церемонија за доделување на престижната европска награда “Европски најменаџер и личност на годината”, а бугарскиот премиер Бојко Борисов номиниран е за наградата”Европска личност на годината”.
Тоа денс го рече претседателот на Управата и генералниот директор на Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните европски менаџери и личности, Панет Шкрбиќ, кого го прими амбасадорката на Бугарија во БиХ, Августина Цветкова Карабашева.