Археолозите на германското острово Риген во Балтичкото море пронајдоа закопани 1.000 години стари сребрени парички, прстени и ракавици кои се повразани со ерата на данскиот крал Харалд Гормнсон.
Германската агенција ДПА јави дека една паричка прво ја пронашле два археолози аматери, од кои еден е тринаесетгодишно момче.
Паричката е најдена во селото Шпроде во јануар, после што се вклучила државната археолошка канцеларија, а целото богатство го ископале стручњаците минатиот викенд.
Археолозите наведуваат дека околу 100 сребрени парички потекнуваат веројатно од времето на владеењето на харалд Гормнсон, познат како Харалд “Плавозабиот”, кој живеел во 10. век и го вовел христијанството во Данска.
Тој бил крал на областите кои ја покриваат сегашна Данска, северна Германија, јужна Шведска и делови на Норвешка