Претседателот на САД Доналд Трамп го потфати на Твитер бившиот директор на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, нарекувајќи го “најлош директор на ФБИ во историјата”.
Трамп го нападна бившиот директор на ФБИ пред излезот на комиевата автобиографија во вторник и пред емитувањето на неговото интервју на телевизијата АБЦ.
“Лигавиот Џејмс Коми, човек кој стално лошо завршува и не работи добро (не е паметен), ќе остане запаметен како НАЈЛОШИОТ директор на ФБИ во историјата, за сега”, наведе Трамп во еден од своите твитови.
Slippery James Comey, a man who always ends up badly and out of whack (he is not smart!), will go down as the WORST FBI Director in history, by far!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 15, 2018