дома Свет Асад: Веќе не се плашиме од НАТО

Асад: Веќе не се плашиме од НАТО

638
0
АКЦИЈА

Претседателот на Сирија Башар ел Асад се состана со руските парламентарци во Дамаск. Руските пратеници соопштија дека сирискиот претседател ги пофалил советските системи за противвоздушна одбрана кои му помогнале на Дамаск да собори 71 ипсалена ракета во вчерашниот напад на САД и нивните сојузници над Сирија.

Руските пратеници рекле Дека Асад на состанокот со нив го нарекол ракетниот напад на Западот над Сирија „агресија“.

Пратеникот на државната Дума Сергеј Железњак истакна дека Дамаск го пофалил советското оружје од седумдесетите години на минатиот век, кое е употребено за одбивање на ракетниот напад на САД и нивните сојузници.

Железњак истакна дека „Асад многу позитивно говорел за руското оружје и дека ја истакнал неговата надмоќ во однос на западното“.

„Од деведесетите во американските филмови сме гледале како е руското оружје ’затарено‘. А сега гледаме кој е всушност застарен“, Рече Асад.

Пратеникот Дмитриј Сабљин го цитираше Асад кој рече дека силите на сириската противвоздушна одбрана ја покажале својата ефективност и оти граѓаните на Сирија веќе не се плашат од НАТО.
Асад истакнао дека Сирија ќе го продолжи својот самостален развој, „контра на плановите кои ги наметнува Западот“.

Железњак додаде дека на состанокот со сирискиот претседател не е размотрено испорачувањето на руски противракетни системи.

Асад исто така изјави оти нападот на САД, Велика Британија и Франција не само што ги воединил народите на Русија и Сирија, туку и сите други народи кои се водат од нормите на меѓународното право, го цитираше Сабљин.

Тој додаде дека на состанокот е истакнато дека со соработката на Русија и Сирија треба да се спротистави на „агресивната политика на Западот“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here