Овој викенд се навршуваат 106 години од најпознатата поморска несреќа на сите времиња – потонувањето кое ќе остане не само стално актуелна, туку и една од најдобрите приказни на сите времиња. Имено, во ноќта, 15. април 1912, “непотопливиот” РМС Титаник на дното на Атлантикот со себе повлече 1514 патници и членови на посадата.
Полн век подоцна, бројот на измислените јунаци кои тонат во книгите, филмовите и стриповите за Титаник го преоѓа за цели 17 бројот на луѓе кои впрочем настрадале кога стварниот брод потонал на линијата помеѓу Саутхемптон и Њујорк.
целиот случај одамна е постанат архетип, а самото име на бродот, Титаник, прерасна во синоним за потонување на сите видови. Но, зошто ова случување е толку врежано во колективното паметење и така силно се издвоило од другите слични морски, или сообраќајни несреќи?
Титаник ги има сите елементи на добра приказна, од кои скоро сите со времето постанале општи места. Овој за свое време навистина фантастичен брод, покрај прогласувањето за “непотоплив”, тоне буквално на своето прво патување од Европа до Америка. Капетанот Едвард Смит си оди заедно на дното со бродот за кој верувал дека ледот не му мже ништо. Додека бродот тоне во северниот Атлантик, група од осум музичари на палубата свири “Nearer, My God, to Thee”.
Освен една од првите употреби на Морзеовиот повикувачки сигнал СОС, кој се користи од 1909. година, случајот веќе во своето време праќа и други бројни пораки, а најпрво онаа за ароганцијата на индустриските магнати и за моќта која за час отишла на морското дно по безазлениот судир со ледениот брег.
Пред името кое ќе постане „злогласно“, бродот носел работно име Брод 401. Со подоцнежна ознака РМС, Royal Mail Ship, бродот Титаник бил еден од оние кои со кралската пошта имале договор за пренос на пошта. Но, тој е, пред се, луксузен патнички брод.
Изграден е во Белфаст помеѓу 1909. и 1911. во бродоградилиштето “Харланд и Вулф”. Ова броодоградилиште имало договор со компанијата “White Star Line”, инаку во сопственост на магнатот Ј. П. Морган, која во превозот на патници водела трка со се поголемата конкуренција во тоа време.
Титаник е брод од серијата која претставува зенит на употребата на парни машини во морскиот транспорт. Со идеја да се зголеми бројот на патници на уштрб брзината која ја нуделе другите компании како своја предност, “White Star Line” во серијата Олимпик изградил три гигантски бродови, а покрај Титаник во оваа класа спаѓаат и РМС Олимпик и РМС Британик. Овие бродови имале огромна сила, од цели 46.000 коњски сили, носеле по океанот илјадници тони и биле придвижувани со огромни парни цилиндри.
Од самиот почеток, приказната за Титаник носи јака социјална компонента. на него во текот на неговата прва и единствена пловидба патувале некои од најбогатите луѓе на светот во тоа време. Помеѓу останатите, милонерите Џон Јакоб Астор, Бенџамин Гугенхајм и Исидор Штраус.
Но, додека на горните од 11 палуби на титаник биле сместени најголемите индустриски магнати, во втората и третата класа океанот го преминувале убедливо најсиромашните емигранти од Ирска, Норвешка и други делови на Европа, барајќи ја среќата во Њујорк, градот на надежта.
На крајот, кога бродот потонувал, приказната за социјалниот судир ја зачинил и селективниот начин на спасување, кој освен по мотото “прво жени и деца” спроведуван е и по логиката “прво богати па сиромашни”, што донело до тоа да настрадаат многу повеќе патници во третата (24 посто преживеани) отколку во првата класа (62 посто преживеани).
Она што потонувањето на Титаник го чини така впечатливо не е само неговата приказна, туку и тоа што тој претсавува – симболичен завршеток на една епоха. Самиот брод, по своите карактеристики, големината, силата и опременоста бил буквално технички врв на индустриската револуција. Како што експлозијата на цепелинот Hindenburg го најави крајот на меѓувојната ера, а трагедијата во Чернобил укажа на крахот на комунизмот, Титаник, во очи на Првата светска војна, најавил нова ера.
Титаник испловил од Саутхемптон во Англија 10. април 1912, за истиот ден да би се укотвил во u Шербун во Франција како би примил патници. Ден подоцна, 11. април, се укотвил и во u Ирска, во пристаништето Квинстаун, а потоа запловил на повеќедневна пловидба накај Халифакс и на крајот накај Њујорк во Амрика. Пловејќи по ледениот, но кристално мирниот северен Атлантик, провел пет безбрижни нденови на отворен океан.
Во ноќта помеѓу 14. и 15. април, околу 23 часот, морето и понатаму било мирно, иако ладно, а поголемиот број на патници спиеле. кога од палубата се слушнало: “Леден брег точно пред нас!”, командата нагло го сменила курсот на движењето на бродот. Но, за маневрирање требало повеќе време, а веќе било прекасно.
Четири часа подоцна, по драмата која ќе биде прекажувана цел век, РМС „Титаник“ потонал во воден амбис длабок 3784 метри.
Балкански глас на вистината во соработка со белградскиот портал: НАУКА КОРЗ ПРИЧЕ-НАУКА НИЗ ПРИКАЗНИ ви го пренесува интегралниот текст: https://naukakrozprice.rs/