дома Свет Евроконтрол издаде соопштение за внимателност на летовите во средоземјето поради можен напад...

Евроконтрол издаде соопштение за внимателност на летовите во средоземјето поради можен напад на Сирија

520
0
АКЦИЈА

Паневропската агенција за контрола на воздушниот собраќај Евроконтрол ги повика авио-компаниите да бидет опрезни во источното Средоземје заради можни воздушни удари во Сирија во наредните 72 сата, пренесува “Ројтерс”.

Во тој период би можеле да бидат употребени ракетите воздух-земја како и крстаречки ракети, како и што постои можност на повремени попречувања на опремата за навигација, наведено е во соопштението, пренесува Ројтерс.

Во предупредувањето на Евроконтрол не се прецизира потеклото на ниедна ракетна закана.

“Треба внимателно да се размисли како да се планираат летовите во подрачјето на источното Средоземје и Никозиското подрачје”, наведе Агенцијата и додаде дека под регионот на Никозија се подразбираат Кипар и околните води.

Евроконтрол се повикува на документот на Европската агенција за безбедност на сообраќајот, кој не и е достапен на јавноста.

Контролите на воздушниот собраќај во Велика Британија, Франција, САД и Германија порано издадоа предупредување да не се лета над воздушниот простор на Сирија.

Спрема податоците на сајтот за пратење летови “Флaјтрадар24”, единствениот комерцијален лет над Сирија го направила Либанска авио-компанија.

Американскиот претседател Доналд Трамп и западните сојузници разговараат за можна војна акција, како би се казнил сирискиот претседател Башар ел Асад заради наводниот напад со хемиско оружје во саботата.

Ројтерс потсеќа дека Трамп во вторник ја откажа планираната посета на Јужна Америка како би се фокусирал на Сирија.

Американската морнарица накај Средоземното море ќе прати носач на авиони “Хари Труман”, со уште седум војни бродови, пренесуваат агенциите.

Во соопштението на морнарицата на САД наведено е дека “Хари Труман”, заедно со останатите бродови, ќе тргне од пристаништето Норфолк и дека ќе делува во составот на Петтата и Шестата американска флота.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here