дома Свет Facebook денеска воведува голема промена

Facebook денеска воведува голема промена

535
0
АКЦИЈА

По скандалот со Cambridge Analyticom, Facebook внесува серија промени како би ја подобрил приватноста на својата друштвена мрежа.

Во понеделник стигнува голема промена на Facebook, а се однесува на контролата на апликациите, пишува Mirror.

Увидот во апликациите кои ги користите и кои ве користат вас
“Почнувајќи од понеделник, 9. април, на врвот на нивниот News feed на луѓето ќе им се покаже link преку кој ќе може да ги видат сите апликации кои ги користат, како и информациите кои ги споделиле со тие апликации”, напиша на Facebook блогот за нови промени главниот технолошки директор на Facebook Mike Schroepfer. “Луѓето ќе можат да ги избришат апликациите кои веќе не ги сакаат.”

“Во склопот на процесот исто така ќе им кажеме на луѓето ако нивните апликации биле неприкладно споделени со Cambridge Analyticom.”

Бришење на стари повици и пораки
Други кључни промени влкучувајќи и бришење на можноста за барање на пријатели преку нивниот телефонски број или email адреса, и најава оти Facebook ќе ги избрише сите повици и текстуални пораки постари од година дена.

“Се на се, веруваме дека овие промени подобро ќе ги заштитат информациите на луѓето додека и понатаму ќе им овозможуваат на девелоперите да створат корисни искуства”, додаде Schroepfer.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here