дома Вселена НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: од 9 до 15 април 2018

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: од 9 до 15 април 2018

603
0
АКЦИЈА


Што предвидуваат ѕвездите за неделата која следува од 9 до 15-ти април 2018 година, прочитајте во неделниот хороскоп.

Овен – Според прогнозите ова е недела со која нема да може да се пофалите. Во врска со љубовта, со оглед на тоа што астралната ситуација е многу деликатна, очекуваме недоразбирања и тешкотии со партнерот. Најдобрата тактика што може да ја употребите е да не влегувате во жестоки дискусии и да почекате подобар период. Слободните се уште чекаат љубов, но овие денови би можеле да добиете позитивни одговори на вашите желби, имајте го тоа на ум, и без брзање. Во работата, ситуациите со кои ќе се соочите денес ќе бидат најразлични и, во некои ситуации, дури и контрадикторни.

Бик– оваа недела се најавува како многу ангажирана за Биковите во различни области. Во љубовта, „украдете“ малку простор за да му се посветите на партнерот. Тоа би можело да биде најдобриот начин за да се надминат некои недоразбирања, се согласувате, нели? За слободните Бикови, овој период ќе донесе голема потреба за романса, па ќе имаат потреба да сонуваат и будни, односно ќе горат од желба да се препуштат на возбудливата река на љубовта без табуа или предрасуди: направете го тоа! На работа, може да бидете во искушение и да се зафатите за работа која е малку ризична. Моментот е добар и за ризик.

Близнаци – Одлична недела за Близнаците кои се ѕвезди оваа недла која ветува многу љубов и најискрени чувства. Ќе најдете алтернативни и возбудливи начини за да му дадете задоволства на вашиот партнер, а некои од вас ќе имаат можност и да оживеат некоја стара љубовна приказна. На слободните Близнаци воопшто нема да им биде здодевно, а на повидок се и „пикантни” авантури. На работа, хороскопот препорачува да имате доверба во блискиот колега или партнер и заедно да влезете во предизвик на новите можности кои се отвораат. Инвентивноста и посветеноста што ќе можете да ја докажете ќе бидат ценети.

Рак – Една од понеповолните недели за Раковите. Дневните предвидувања во љубовта најавуваат проблеми, особено за оние кои се во стабилна врска или брак. Причина? Некои од вас лудо можат да се вљубат надвор од врската, а некои пак ќе бидат заробени во канџите на љубомората предизвикана од однсеувањето на партнерот. Осамените Ракови, ќе почувствуваат силна потреба за нежност. Но поставеноста на Венера најавува период кој ќе биде многу значаен за нивниот живот. На работа, внимавајте на околностите и на колегите, ова не е вистинско време за да се осмелите на инстинктивни зафати.

Лав– Ова е за Лавовите е недела без посебни падови и скокови. На љубовното поле се наоѓате пред период во кој ќе се насочите пред сè кон потрагата за мир. Затоа, малите нешта и навиките што ги споделувате со партнерот, како и одредени ритуали, ќе ви станат многу важни. Ќе сакате да сте во домашното гнездо, каде чувствувате голема топлина и нежни чувства. Осамените Лавови, ќе мора да внимаваат на емоционалните испади! На работното место, од ѕвездите ќе бидете наградени со снаодливост која ќе ви овозможи добро да се справувате со секоја ситуација. Вашата позиција ќе се зајакне, а со тоа ќе постигнете и голема сатисфакција.

Девица – Недела во која ќе успеете да реализирате нешто важно што претходно сте го зацртале во вашиот дневник на обврски. Хороскопот, ве советува да го подобрите сентименталниот однос со партнерот. Внесете малку возбуда во врската, „прекршете“ ги навиките, зашто сфаќате дека таа станува премногу вообичаена, а со тоа и малку здодевна. За слободните Девици ова е добар период за „лов“. Слободно впуштете се во освојувања и интригантни флертувања… На работното место, сигурно нема да имате за што да се жалите. Ѕвездите се пријателски расположени кон вас, ќе ви овозможат добри перформанси, без да вложите многу напор. Покажете се прецизни и добро организирани.

Вага – Недела во која ќе бидете во добра форма. Во љубовта, оние кои имаат партнер и стабилна врска, сите недоразбирања ќе ги стават настрана, и речиси сигурно, ќе го убедат партнерот да свртите нова страница, поубава, полна со ентузијазам и уживање. Можеби, некој од вас ќе почнат да прават нови планови за иднината. Прогнозите на неделата советуваат да ја искористите поволноста на добра промена. За слободните Ваги – би било корисно и препорачливо да излезете повеќе со пријателите, можеби вашите соништа ќе ви се исполнат токму оваа недела? На работа, ќе бидете полни со елан и подготвени да ја завршите секоја задача, само внимавајте да не бидете и експлозивни.

Шкорпија – Ова е одлична недела за Шкорпиите. Вашата интуиција речиси ќе биде волшебна, ќе ве води во новите настани и ќе ви ги решава сите проблеми. Во љубовта, доволно е само да бидете искрени и да си го отворите срцето, нема од што да се плашите ниту пак, да се грижите – на вашиот партнер многу му значите! Осамените Шкорпии ќе имаат можност да запознаат некоја интересна личност. Дури и оние кои ќе одлучат да останат сами, ќе се чувствуваат многу пријатно во „самотијата“ и својата сопствена кожа. На работа, пред вас е еден многу важен период. Не дозволувајте да ја пропуштите оваа ситуација.

Стрелец – Ќе имате голема желба да го проширите своето знаење и во емотивната област и во професионалниот живот. На љубовен план, ќе ви се зголеми желбата да им удоволите на оние што ги сакате. Речиси сигурно ќе можете да ја живеете вашата љубовна приказна посеопфатно и со соучесништво од партнерот. Според предвидување, слободните Стрелци се пред вистински пресврт – на некој од вас навистина може да му дојде големата љубов, идеалната, онаа која ја барате. Можеби ви е близу, но не ја гледате! На работа, не одложувајте ги обврските. Време е да се зафатите за работа и да се фатат во лет сите можности што ѕвездите ви ги нудат.

Јарец – Ова е одлична недела и за Јарците. Пред вас е период кој ви отвора нови можности. На љубовно поле, конечно ѕвездите ви се насмевнуваат, давајќи ви шанса да уживате во совршениот однос со партнерот. Ќе бидете полни со љубов, а таа нежност ќе знаете да ја споделите со саканите. Оние кои се сами, време е да ги заборават сите оние кои ве натерале да плачете или патите, и да го отворат срцето кон новите средби. На работа, ќе блескате од интелигенција, ќе бидете во можност да ги држите „конците“ во ваши раце и да ја контролирате ситуацијата. Само напред!

Водолија – Ова е недела во која ќе ја барате рамнотежата. На љубовно поле, ќе имате стотици идеи кои ви поминуваат низ главата, но токму тие ќе ви создаваат хаотичност – еден миг ќе мислите едно, а веќе другиот миг – друго. Осамените Водолии, веројатно сеуште ја немаат заборавено личноста од минатото, но време е да прекинете со старите навики. Донесете конечна одлука и ставете крај на врската која и онака не постои! На работното место, дури и ако сте ангажирани на неколку фронтови, вашата интелигенција ќе ви овозможи да ги надминете пречките со кои ќе се соочите, достигнувајќи го успехот во кој верувате.

Риби – Ѕвездите не се насмевнуваат. Што се однесува до љубовта, можни се недоразбирања и кавги со партнерот. Причина за тоа ќе биде вашата желба да контролирате се и сешто во врската. Затоа, смирете се малку, оставете ги работите сами да си се „наместат“, се ќе биде како што треба со малку повеќе трпение. Кај осамените Риби проблем ќе биде нивната затвореност. Ќе бидете затворени во себе самите не сакајќи да контактирате и да се дружите. Не мора да прифаќате компромиси, но сепак, погледнете наоколу -не е се така црно како што ви изгледа. На работното место, сте преземале премногу обврски, па сега ќе чувствувате замор. Совет од ѕвездите е да ги завршите оние задачи кои имаат поголема важност и тежина, а малите – можат да почекаат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here