дома Свет Мрин Ле Пен го смени името на партијата и повторно е избрана...

Мрин Ле Пен го смени името на партијата и повторно е избрана за председател, додека на таткои му е одземена титулата почесен председател

504
0
АКЦИЈА

Лидерката на француската екстремно десничарска партија Национален Фронт (ФН) Марин Ле Пен предложи таа партија да биде преименувана во „Национален собир“.

Како наведува Ројтерс, таа тоа го предложила тоа со намера да се ослободи брендот кој многу гласачи го поврзувале со расизам и антисемитизам и да овозможи сојузништво со другите партии.

„Нашата цел е јасна: Власт. Ние првобитно бевме партија на протести. Не би требало да постои сомнеж дека можеме да бидеме владеачка партија“, рече Ле Пен пред членовите на својата партија кои се собраа во северниот град Лил на партискиот конгрес.

Промената на името на партијата одобрена е со тесно мнозинство на гласови, по што ја подржале 52 посто од делегатите присутни на конгресот, спрема статистиката која партијата ја достави.

Тие, наведува агенцијата, повторно за тоа ќе гласаат по пошта.

Таткото на лидерката на партијата 89-годишниот Жан-Мари ле Пен кој партијата ја основа 1972. година, минатиот месец во интервјуза Ројтерс рече оти промена на името би значела политичко „самоубиство“.

Како што известија предходно француските медиуми, Марин Ле Пен е повторно избрана на чело на таа партија, како единствена кандидатка за тоа место, додека на нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен му е одземена титулата почесен председател.

За реизбор на Марин Ле Пен како председателка на партијата биле 100 посто од гласовите, а резултатите од гласањето објавени се на партискиот конгрес.

Марин Ле Пен (49) со тоа започнува трет мандат на чело на партијата со која раководи откако на таа функција од 2011. година го наследи својот татко, за кого ќе предложи нова положба, наведе парискиот лист „Фигаро“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here