дома Свет Хејли: САД и Русија никогаш нема да бидат пријателски земји

Хејли: САД и Русија никогаш нема да бидат пријателски земји

732
0
АКЦИЈА

„Председателот Трамп прави се против Русија повеќе од било кој друг после реган”

Во Русија по повод зборовите на американската амбасадорка во Советот за безбедност на УН веќе се појавија коментари во стилот: „САД не сакаат да имаат пријателски односи со Русија, а не само со нејзината сегашна власт. Треба ли да се биде огорчен? Секако дека не треба! Подобро е да имаш `партнер` со непријателски намери отколку некој како,Бугарија, кој се колне во вечно пријателство, па потоа те издава. И благодариме на Хејли и за зборовите оти САД ќе соработува со Русија кога ќе им биде потребно, а ќе удира по неа исто така кога ќе им биде потребно. И ние ќе се однесуваме исто така”

Амеиканската амбасадорка во Советот на безбедност на УН – Ники Хејли – јавно рече оти САД и Русија никогаш нема да бидат пријателски земји.

Тоа го направи на настапот пред студентите и професорите на Универзитетот Дјук во Северна Каролина. Притоа допушти можност за соработка „тогаш кога е тоа од корист за САД”.

Додатно својата позиција ја разјасни вака: „Кај нас постојат спорења околу тоа да ли Русија ни е пријател или не. Меѓутоа, тоа е погршно прашање. Русија никогаш неможе да биде наш пријател. Секако, со Русија работиме кога ни е потребно, а и нанесуваме удар кога ни е неопходно. Така и треба да биде”.

Говорејќи за пристапот на Трамповата администрација кон Русија, Хејли посоветува:

„Сите сакаат да се занимаваат со зборови, а јас ви советувам – обрнувајте внимание на делата”.

Во овој контекст го спомена протерувањето на руските дипломати (60), одлуката за наоружување на Украина и минатогодишниот удар по еден сириски воен аеродром. Уште додаде:

„Председателот Трамп прави против Русија повеќе од било кој друг шеф на државата по Роналд Реган”.

Призна оти за американско руските односи разговарала со амбасадорот на Москва во СБ на УН и оти се сложиле дека двете земји треба да пронајдат „некои допирни точки”.

Својот разговор со Василиј Небензја го прераскажа вака:

„Тој рече оти Русија сака подобри односи со САД. И јас реков дека ние сакаме подобри односи со Русија. Потоа го запрашав: `Можете ли да ми објасните како да дојдеме до тоа?`, а тој возврати оти не треба да бидеме оволку непријателски расположени едни спрема други. На крајот се договоривме да соработуваме во врска со Авганистан и афричките земји во кои се судираме”.

Додаде: „Нашите односи со Русија зависат само од Русија. Ако они продолжат да имаат било каква врска со хемиско оружје, да упаѓаат во земји како што се Украина и да се мешаат во туѓи избори – другите држави ќе се свртуваат од нив.Во секој случај, ние не сакаме да бидеме пријател на оној на кој не можеме да му веруваме”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here