Политичките партии на Србите, организациите и амбасадата на Србија денес во Валандово во спомен костурницата Удово одбележаа 103. години од валандовскиот покољ.
Меѓу присутните беа председателот на Српската напредна странка во Македонија, Драгиша Милетиќ и председателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, како и представниците на многубројни српски организации и асоцијации.
По интонирањето на македонската и српската химна, свои говори одржаа амбасадорот на Р. Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов.
Голем број на присатни ги поздравија говорите и се поклонија во спомен костурницата.