дома Свет Фејсбук ќе ги разоткрива пријателите кои делат лажни вести

Фејсбук ќе ги разоткрива пријателите кои делат лажни вести

464
0
АКЦИЈА

Борбата против лажните вести на Фејсбук се разгорува. Во компанијата најавуваат подобрена верзија на апликацијата која на корисниците ќе им овозможи да дознаат повеќе за веста која некој ја закачил на својот ѕид. Меѓу останатото, ќе биде откриено и кој од пријателите поделил веќе некоја одредена вест.

Подобрената верзија на апликацијата прв пат е тестирана минатата година, а им дозволува на корисниците со клик на иконата „И“ да го откријат изворот на веста, поврзани натписи и „мапа“ на делење на текстови која содржи информации како и физичка локација на местото на најчестото делење и корисниците, односно пријателите кои тоа го чинат.

Кога корисниците имаат во вид детали за темата која текстот ја обработува може да се дојде до информациите кои ја разоткриваат потенцијалната лажна вест. Од друга страна, делењето вести открива колку е таа генерално популарна, но и меѓу пријателите на корисниците.

Сепак, и покрај фактот дека на тој начин ќе се дојде до подобра слика за наводните политички ставови на пријателите на Фејсбук и за наводното ниво на нивната заведливост кога станува збор за лажните вести, опцијата не дозволува увид во тоа зошто нешто е поделено.

Односно не постои нечин, на пример, да се детектираат потенцијалниот сарказам или критика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here