Водечките светски медиуми како online изданијата на Daily Mail, The New York Times и Washington Post го пренесоа опширниот текст на угледната новинска агенција Associated Press (AP) за подемот на екстремната десница во средна Европа, која се повеќе постанува mainstream, а како еден од примерите е и делувањето на хрватската председателка Колинда Грабар-Китаровиќ, а со тоа и протестот против ратификацијата на истанбулската конвенција кој неодамна се одржа во Загреб.
Грабар-Китаровиќ се опишува како “хрватска председателка која и се заблагодарува на Аргентина затоа што по Втората светска војна прифатила ноторни пронацистички војни злосторства” па ја става во друштво со водечките бугарски политичари кои Ромите ги опишуваат како “подивени хуманоиди” и унгарскиот премиер Виктор Орбан кој смета дека “Европјаните не би смееле да се мешаат со Арапите и Африканците”.
“Од крајот на втората светска војна таквите ставови во Европа биле табу, присатни биле само во екстремно дената маргина на општесвото. Денеска ти ставови отворено ги изразуваат политичките лидери на средната струја во средна и источна Европа, како дел на популистичкиот налет кој се спротивставува на глобализацијата и масовната миграција”, се наведува во текстот.
Во Хрватка се обидуваат да ги рехабилитираат усташките злосторства
Се цитираат и изјавите на историчарот Тома Јунес кој вели оти “екстремно десните идеи станале mainstream во регионот”, а дел од тоа е рехабилитацијата на нацистичките злосторници.Се напоменува дека некои аналитичари сметаат оти Русија и Владимир Путин финансиски ги подржуваат таквите екстремни мислеља како би ја дестабилизирале ЕУ, и оти така шампионот на екстремната политика е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е истовремено пријател на Путин и прв европски лидер кој го подржа Доналд Трамп во председателската кампања.
Во Полска пак екстремно десната влада ја укинува независноста на судството, додека за Хрватска пишува оти “од влезот во ЕУ во 2013. година премногу свртела во десно” па така се случувало “некои да го одрекуваат холокаустот и сакаат да го рехабилитираат ултранационалистичкиот усташки режим кој е одговорен за смрт на десетина илјади Срби, Евреи, Роми и хрватски антифашисти во воените логори”.
На крајот на текстот се заклучува оти во западна Европа постојат екстремно десни партии и движења, и оти младите демократии на средна и источна Европасе поранливи за нивното делување.
Во Washington Post текстот на AP- опремен е со фотографија од загребскиот протест против Истанбулската конвенција, дедека главна ѕвезда на Daily Mail, чиј портал е најпосетен на светот е, председателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ. Текстот насловен како “Екстремно десните ставови се сега mainstream во Европа” опремен е со неколку фотографии на хрватската председателка.