дома Вести Русија, Турција и Иран ќе настапуваат како гаранти на територијалната целовитост на...

Русија, Турција и Иран ќе настапуваат како гаранти на територијалната целовитост на Сирија

1029
0
АКЦИЈА

За заедничка стратешка цел ја прогласија „потполната ликвидација на Исламската држава, Џебхат ан-Нусра и други терористички организации во Сирија поврзани со Ал Каеда.
Ердоган рече дека неговата армија ќе ги продолжи операциите во Сирија доколку курдските сили не го напуштат Манбиџ
Форматот на мировните преговори за Сирија во Астана е единствената меѓународна иницијатива која помогнала за смалувањето на насилствата ширум Сирија, порачаа во заедничкото соопштение председателите на Русија, Иран и Турција Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган.

Во заедничката изјава на тројцата лидери, кои се сретнаа во Анкара, се нагласува: „Иран, Турција и Русија ќе продолжат да соработуваат се до потполна ликвидација на Исламската држава, Џебхат ан-Нусра и други терористички групации во Сирија поврзани со Ал Каеда“.

Рускиот лидер додатно нагласи: „Тоа е наша стратешка цел затоа што терористите не отсапуваат од обидот да ја дестабилизираат ситуацијата“.

Ердоган од своја страна предупреди дека неговата армија ќе ги продолжи операциите во Сирија доколку курдските сили не го напуштат Манбиџ. Притоа прецизираше:

„Нема да застанеме се додека не осигураме безбедност на сите делови во Сирија кои се под контрола на турските терористи и силите на самоодбраната. Ова, секако, првенствено го вклучува Манбиџ“.

Ердоган посебно нагласи дека Иран, Русија и Турција се земји гаранти на територијалната целовитост на Сирија и дека тој, Путин и Рохани се договориле за некои „понатамошни чекори“ за разрешување на сириската криза, но не откри никакви детали.

Путин, Рохани и Ердоган првпат на ваков начин – на својот „сириски самит“ – се сретнаа во Сочи 22. ноември минатата година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here