дома Балкан Гестот на Ријечанецот Павлиќ го одушеви Балканот

Гестот на Ријечанецот Павлиќ го одушеви Балканот

617
0
АКЦИЈА

Саша Павлиќ, човекот кој од саботата оди со крст од Ријека, утре би требало да стигне во Загреб.

Во четврокот, околу 11 сатот, би требало да стигне на Марковиот плоштад и да ја пренесе својата порака. А пораката гласи: Сулудо е тешко болните деца веќе со месеци да неможат да добијат лекови, а во меѓувреме е одлучено три милијарди куни да се потрошат на половни авиони.

На Саша на влезот во загреб ќе му се приклучи и карван од Ријека. Неговите сограѓани ќе се соберат денес во 14 и 30 на Јадранскиот плоштад во Ријека.

Колоната накај Загреб

Имаат план да тргнат со автомобили во колони накај Загреб, како би го стигнале и пропешачиле дел од патот заедно со него. Карванот го организирала иницијатива на граѓани кои, како велат, со хуман чин сакаат да одговорат на моралниот гест и да му се придружат барем накратко во истата цел.

“За почеток осигуравме два автомобили, би сакале да ни се придружат уште луѓе. Кој може нека дојде со својот автомобил па ќе се распоредиме на патот. По собирањето пред Ријечката банка ќе тргнеме до Загреб. Ќе го пронајдеме Сале, ќе му помогнеме малку со тој крст, a ќе се обидеме да го однесеме и на пијачка или вечера. Кој сака има време, може да продолжи накај Загреб, а кој не, ќе се врати во Ријека со останатите. Би сакале да ни се придружат повеќе Ријечанци и да не остане се само на лајкови на Фејсбук па така сите заедно, без транспаренти и без помпа, да шетаме заедно со Саша Павлиќ”, стои во нивнот повик.

“Ногата во распад”

На Саша во понеделникот му се придружи активистот Марин Миочиќ Стошиќ, а вчера му помогна да го носи крстот Мартин Реков од Загреб.

Состојбата со ногата на Саша, која ја повреди уште во понеделникот, со време се влоши. како напиша на својот Твитер, “десната нога му е во тотален распад и треба помош”.

>> Човекот со крстот во болови: “Ногата е во апсолутен распад”

Едноставно порака

Павлиќ рече оти носењето на крст до Загреб е едноставна порака. А конечна цел на сега тројцата одачи е Марковиот плоштад каде пораката имаат за цел да им ја пренесат на влаеачките. На оние кои ја донесоа одлуката за авиони да има, а за децата да нема.

“Капката која је прелеа чашата беше кога отворив едни дневни новини и видов дека на една страница пишува дека државата нема пари за лекови за деца и ги праќа на клинички испитувања, а некои деца нема да добијат баш ништо. На другата страна беше веста за три милијарди куни кои државата ќе ги даде за половни авиони. Мислам оти тоа на секого би требало да бу го упали алармот. Мене ми го упали и ме натера да го правам ова што го правам”, рече Павлиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here