Министерството за одбрана на Србија соопшти денеска дека авионите на Војската на Србија од денес до 5. април ќе го надлетуваат југот на Србија.
Авионите ќе го надлетуваат во попладневните и вечерните часови подрачјето на југот на Србија.
Како наведуваат во министерството, надлетувањето се врши во рамките на летачката обука.