дома Балкан Дачиќ за апсењето на Ѓуриќ: Пабло Ескобар би имал подобар третман

Дачиќ за апсењето на Ѓуриќ: Пабло Ескобар би имал подобар третман

636
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека не станува збор за тоа Србија да ја признае независноста на Косово и да дозволи да добие столица во УН.

Дачиќ за телевизијата Пинк рече дека од секогаш се залагал за да косовско-метохиското прашање “најде компромисно решение кое ќе ги отклони причините заради кои постојат конфликти”.

“Нам не ни е во интерес да ја заоштруваме состојбата, туку да биде мирна и да се спроведе Бриселскиот договор”, рече Дачиќ и ја повика Меѓународната заедница да се изјасни да ли ја сака Србија како партнер или како заложник на лошите односи.

Додавајќи оти ќе се чека на 20. април да се види да ли Приштина ќе ги ќе ги исполни своите обврски од Бриселкиот договор за Заедницата на српките општини, Дачиќ наведе ако не ја исполнат својата должност Србија тогаш ќе мора да одлучи што понатаму.

Оцени дека апсењето и протерувањето на директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ од Косово и Метохија минатиот понеделник е срам за политичката сцена во Европа и за ЕУ.

“Јас мислам дека Пабло Ескобар би имал подобар третман кога би бил уапсен. Ѓуриќ не е криминалец, не е некој кој го прекршил законот, ако станува збор за политички причини можело да се направи поинаку”, рече Дачиќ и додаде оти во Брисел повеќе пати се договарани процедурите на посетите.

Тој рече дека председателот на Србија Александар Вучиќ не ги рангирал приоритетите и доколку се однесувал емоционално или ирационално “веројатно реакциите би биле такви што би не вовлекле во една спирала и прашање е како тоа би се смирило”.

“Можеше да дојде до судири, секој напад на север ние ќе го толкуваме како напад на Србија”, рече Дачиќ.

Спрема неговите зборови, кривицата на ЕУ е голема, затоа што гарантирала реализација на сето што е договорено во Брисел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here