дома Балкан Хрватскиот јутарњи лист ја нарече Црна Гора: Мексико во соседството

Хрватскиот јутарњи лист ја нарече Црна Гора: Мексико во соседството

511
0
АКЦИЈА

Хрватскиот утрински лист ја нарече Црна Гора “Мексико во хрватското соседство” заради зачестените криминални пресметки.
Тој хрватски медиум во својот текст наведува дека спротивставените криминални кланови во Црна Гора “почнале да убиваат во сред бел ден во центарот на градот, а страдаат минувачи”.

По двострукото убиство на најпрометниот плоштад во главниот град Подгорица, Советот за безбедност и сигурност на Црна Гора на вонредна седница во неделата доцна навечер одлучил да воспостави специјални тимови за борба против организираниот криминал.

На седницата на Советот е оценето дека “безбедносната ситуација е нарушена со нарастувачките судири на организираните криминални групи” па одлучено е да се организираат тимови од представниците на државното тужителство, полицијата и други тела задолжени за безбедноста како би се спротивставиле на таа опасност.

Во саботата на пладне на главниот подгорички плоштад, на очиглед на бројни минувачи и родители со деца, убицата кој, како полицијата се сомнева, носел силиконска маска го убил Милош Саковиќ кој му бил мета, но и Радивоје Јовановиќ кој е случајна жртва на пресметката, наведува хрватскиот утрински.

Два дена порано на друг плоштад во подгорица, пред десетина сведоци, со бомба која била поставена под неговиот блиндиран автомобил убиен е Дражен Чаѓеновиќ кој се доведува во врска со еден од Црногорските мафијашки кланови.

По тие убиства директорот на црногорската полиција Славко Стојановиќ поднесе оставка, а председателот на владата Душко Марковиќ свика хитна седница на Советот за национална безбедност.

Веќе четири години трае судирот на двата најмоќни црногорски кланови, “шкаљарскиот” и “кавачкиот”, кои имињата ги добиле по населбите Шкаљари и Кавачу во Котор од каде доаѓаат, а во кој до сега се убиени повеќе од 20 луѓе од кои четири случајни жртви на пресметките.

Судирот почна во средината на 2014. кога во шпанска Валенсија “шкаљарците” украле 200 килограми кокаин од “кавачаните”.

Судирот го карактеризираат брутални ликвидации во кои се користени експлозив, снајперско оружје и бомби, додека за ликвидации како што верува полицијата ангажирани се платени убици од регионот.

Во обид да го спречи судирот црногорската полиција во последната пола година извршила изненадни контроли на повеќе од стотина безбедносно интересни особи од кои одземала наоружување, експлозив и таканаречени “криптувани” мобилни телефони кои не е можно да се прислушкуваат.

Двата криминални клана се занимаваат со трговија на дрога на што заработиле огромни количини пари со кои ја финансираат меѓусебната војна.

Извор: Јутарњи лист-Утрински лист

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here