дома Вести Кина му возвраќа на Трапм воведува такси на 120 производи

Кина му возвраќа на Трапм воведува такси на 120 производи

523
0
АКЦИЈА

Кина воведува увозни такси за месо, овошје и други производи од САД како одговор на америчката увозна такса на челик и алуминиум која ја воведе председателот Доналд Трамп.

Министерството за трговија на Кина најавило дека новите увозни такси на повеќе од 120 американски производи ќе почнат да се применуваат од денес, наведува АП.

На свинското од САД таксата ќе биде 25 одсто, додека на останатите услуги и производи, вклучувајќи и овошје, ќе биде воведена такса од 15 одсто.

Одлуката за воведување на такси е донесена после повеќенеделните предупредувања на кинеските представници Вашингтон да го преиспита воведувањето на такси од 25 одсто на челик и 10 одсто на алуминиум.

Иако мета на американските такси е Кина која го преплавува светот со евтин челик и алуминиум, САД тврдат и дека Кина “краде технологија” или присилува странски фирми да и ја предадат, таа мерка ќе погоди и многу други земји.

На некои земји, меѓу кои членки на ЕУ, Канада и Мексико, Трамповата администрација им одобрила привремено изземање од плаќање на нови такси, до окончувањето на преговорите.

Лидерите на 28 европски земји, меѓутоа, предупредија дека, додека Вашингтон не осигура потполно изземање на таксите за ЕУ, ќе го задржат правото “да им одговорат на САД со прикладни мерки и на пропорционален начин”.

Додека се говори за “трговска војна”, германската канцеларка Ангела Меркел при крајот на март изјави дека е важно да се избегне “спиралата на трговските мерки” заради која сите би биле во губиток, додека председателот на Франција Емануел Макрон рече дека стратегијата на САД е лоша.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here