Белград – Мирко Алвировиќ, познато телевизиско лице, автомобилист, автор и водител на емисијата САТ, премина денеска во 72. година, по долга и тешка болест.
Мирко шест месеци се лечел на институтот за онкологија и радиологија на Србија.
Водителот на балкански популарната емисија САТ летоска е опериран во Германија,но по хируршкиот зафат се врати во Србија и им укажа доверба на домашните лекари. Семејството и најблиските пријатели беа со него.
Мирко Алвировиќ е роден во Дрвар, а последните 28 години работеше како домаќин на најгледаната емисија за автомобилизам на балканските простори. Дипломирал книжевност, но студирал и журналистика. Мирко беше оженет и има два сина – Младен и Момир.