Вака гласи соопштението на организаторите на денешните закажани протести во Ниш
Републичката власт сака да го земе аеродромот за себе!
Градскиот собир ја усвои “препораката” на Владата на Србија Ниш да ја пренесе имовината,оснивачките права, сертификатите и уговорите на државата.
Од каде им право на градските челници нашиот имот бесплатно да го отсапуваат на државата?
Срам ве било, градоначалниче!
НАЈБИТНО:
Бараме од советниците на градот Ниш, кои ги застапуваат интересите на нишлиите, на следната седница да не го усвојат предлогот за поклонување на аеродромот на државната власт!
Исто така, бараме СМЕНА
– На градоначалникот на Ниш Дарко Булатовиќ, инаку поставен од Белград и
– И на сите членови на градскиот собир на Градот Ниш
Се гледаме кај коњот во 17:00! земете си со себе свирчиња!
За потсетување белградскиот Аеродром “Никола Тесла” од неодавна е даден под концесија на француската компанија “Vansi erports”, што предизвика големи полемики.