На 31 март 2018 година во Скопје Сити Мол во рамките на проектот се одржа промоција на руските традиции на одбележување на Велигден организирана од страна на здружението на руски сонародници „Чајка“. За време на промоцијата сите кои сакаат имаа можност да слушнат кратко предавање за одбележување на Велигден во Русија, да пробаат руски велигденски јадења, да уживаат во уметнички настапи и да земаат учество во квиз со прашања од руската култура, географија и историја. Исто така на настанот беа презентирани производи од рускиот народен занает, изведени од страна на ракоделци од здружението „Артељ“.