дома Вести Израел тврди дака кај Газа се пукало само на напаѓачите

Израел тврди дака кај Газа се пукало само на напаѓачите

471
0
АКЦИЈА

Министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман изјави дека изрелските војници постапиле на одговарачки начин, пукајќи само на палестинските демостранти кои тргнале во напад накај границата на појасот Газа и Израел.

Оние кои демонстрираа мирно не се повредени, рече он, отфрлајќи ги оптужбите за прекумерна употреба на сила на масовните протести во петокот, во кои е убено 15 палестинци, пренесе АП.

Тоа беше најголем број на жртви во еден ден после војната на израелската војска и исламскиот екстремистички Хамас кој владее со појасот Газа, во 2014.

Либерман тврди дека биле околу 40.000 палестински демонстранти, што е за 10.000 повеќе од предходните процени на Израел и дека 90 одсто од нив биле активисти кои ги плаќа Хамас заедно со нивните семејства, а обични луѓе не биле дојдени.

Министерот за одбрана кој ја преводи десничарската партија Израел наш дом (Jisrael bejtenu) ја пофали војската што ја “обавила својата должност на најдобар можен начин”, пренесоа израелските медиуми. И премиерот на Израел Бенџамин Нетенјаху вчера ги пофали војниците што ги бранеле границите на државата Израел.

Сумирајќи го она што е наречено “Марш на теророт” што е алузија на називот на протестот на палестинците “Марш на повратокот”. Либерман рече дека еврексиот празник Пасха, кој почна во петок поминал мирно бидејќи ни еден војник не е ранет.

Он воедно се закани дека војската може да одговори многу пооштро следниот пат и дека нема да се “двоуми да употреби све што војската на Израел има”. При тоа изрази сомнеж дека Палестинците ќе се обидат да ги повторат случувањата од петокот имајќи ги во вид резултатите, пренесоа израелските медиуми.

Либерман тврди дека маршот на границата е организиран во знак на протестите заради блокадата на Израел и со цел да се бара право на враќање на палестинските избеглици на сегашната израелска територија, ги чинел организаторите 15 милиони долари.

“Да ли знаете колку лекови можат да се купат со сума како таа. Фактот дека Хамас дава толкави суми за очигледни терористички активности се говори, рече израелскиот министер за одбрана додавајќи Што е обидот да се продре низ оградата, цел е да се повреди суверенитетот”.

Тон смета даке саекоја држава чии граници би се обидел некој да ги сруши би делувала дури и пооштро од Израел.

“Затоа процесијата на лицемери кои повикуваат на истражна комисија, мора да разбере дека до тоа нема да дојде. Нема да биде ниту меѓународна истрага. Нема да соработуваме со ниедна истрага од тој вид”, рече Либерман.

Вчера лидерката на израелската левичарска партија Мерц Тамар Зандберг повика на истрага на насилието, сугерирајќи дека израелските војници биле премногу лесни на обрачот. Генералниот секретар на УН Антонио Гутереш и шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, повикаа исто така на незавиосна истрага.

Израелската војска денеска соопшти дека најмалку 10 до 16 во петокот убиени Палестинци биле членови на терористички групи. Хамас сам потврди дека петорица од нив биле членови на војното крило на таа организација.

Првата жртва во петокот беше еден палестински земјоделец кој не учествуваше во протестите, во кои е исто така рането повеќе од 1.400 луѓе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here