Првиот авион со руски дипломати протерани од САД слета на московскиот аеродром Внуково, пренесе агенцијата Франс прес.
Авионот II-96 превезол 46 руски дипломати со семејствата, пренесе агенцијата ТАСС.
Другиот авион со протерани дипломати би требало да стигне денеска покосно во Москва.
Американските власти протераа околу 60 руски дипломати после аферата со труењето на бившиот двострук агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка во Велика Британија..
Повеќе од дваесет земји меѓу кои и Мкедонија протера околу 150 руски дипломати како знак на солидарност со Велика Британија, која Москва ја смета за одговорна за нападот со нервен агенс над Скрипаљ.
Русија во неколку наврати ја отфрли одговорноста.