дома Балкан Почина Каменко Катиќ

Почина Каменко Катиќ

291
0
АКЦИЈА

Еден е од првите најпознати известувачи на временската прогноза на нашите простори, Каменко Катиќ почина во 83. година од животот јавува РТС

Каменко Катиќ е роден 1935.година во селото Ѓурѓрво кај Нови Сад. Без родители останал на шест години. Посетувал реална гимназија во Нови Сад, но завршил ветеринарна школа во Шабац и работел како ветеринар.

Во тек на студиите постанал спикер на радио Титоград, а потаоа и на радио Сараево. Во телевизија Белград преминал 1962. година. Како автор, водител и уредник реализирал повеќе од 300 репортажи.

Гледачите од милост го викаа “наш Каменко”. Времето и местото на сахраната ќе бидат накнадно соопштени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here