дома Балкан Ердоган: Харадинаевата кариера ќе се заврши

Ердоган: Харадинаевата кариера ќе се заврши

335
0
АКЦИЈА

Турскиот председател Реџеп Таип Ердоган го опомена косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе мора да превземе одговорност за управување со ситуацијата со депортираните Турци, пренесува Коха диторе

Ердоган во својот говор го критикуваше заради отпуштањето на министерот за внатрешни работи и шефот на обавештајната агенција и ги повика луѓето на КиМ да протестираат против него.

Ердоган исто така во говорот го нарекува Харадинај марионета чии конци ги повлекуваат други.

Кариерата на премиерот на Косово ќе заврши, предвидува Ердоган, пренесува Коха Диторе.

Ердоган вчера потврди дека шесторицата протерани припадници на движењето на Фетулах Гулен, уапсени на Косово и Метохија се во Турција која ги терети за тероризам.

На КиМ пред два дена на мистериозен начин се уапсени шест турски државјани, под оптужба дека му припаѓаат на движењето ФЕТО, на верскиот водач Фетулах Гулен, кој е оптужен дека е одговорен за пучот со цел свргнување на Ердогановата влада во летото 2016.

Заради овие апсења, премиерот Рамуш Харадинај го смени министерот за внатрешни работи Флаг Сефај и шефот на КИА Дритон Гаши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here