дома Балкан Генерал лазаревиќ: За разлика од нив ние до крај се боревме чесно

Генерал лазаревиќ: За разлика од нив ние до крај се боревме чесно

278
0
АКЦИЈА

Да се неутрализира. да се згази. да се уништи. Тоа беа командите на НАТО усмерени кон српската војска на Косово 1999. година. Ликуваа првите неколку дена од бомбардирањето, твдејќи дека ни нанеле големи губитоци и дека ја уништиле мојата команда. Не очекуваа дека на 9. април, кога тргнаа по копно преку Јуничките планини ќе наидат токму на таа војска и дека истата ќе ги понижи до срж.

Овака говори генералот во пензија Владимир Лазаревиќ, некогашен командант на приштинскиот корпус и на третата армија на војската на Југославија. По десет години изгубена слобода и отслужена казна во Хаг, Лазаревиќ со повеќе тага отколку горчина, се присетува на се низ што поминал.

БАРАА ТУЃА ГЛАВА НО ЈА ДОБИЈА МОЈАТА

На Косово се до јуни 1999. година се водеа непрестанувачки борби гради во гради. НАТО не се надеваше на такво умеење на српската војска, а пред се на така висок морал и војна етика. Они сами признаа дека се понижени. Главнокомандувачкиот Весли Кларк 2000. година изјави: “Ништо не можевме да и направиме на таа војска на Косово, па затоа гаѓавме цивилни мети”. Ние за разлика од нив до крај се боревме чесно- говори Лазаревиќ.

НАТО, говори генералот морал да ги прикрие своите злосторства над српскиот народ. Го направија тоа со замена на тези, па кривците по завршетокот на војната многу бргу се барани во српската војска.

2004 накај 2005 бараа од мене зарадиопстанокот на Србија и преговорите за Косово да ја дадам својата глава. Иако пвобитно не е барана мојата глава туку туѓа, но бидејќи туѓата не се согласила, ја без примена оптужница сам отидов во Хаг. Му реков на тогашниот државен врв:”Еве му ја мојата глава на Хаг ако со тоа на Србија ќе и биде подобро”, наведува генералот.

Осуден е, објаснува без докази за командна одговорност, а се во цел на меѓународната фарса која требала да ги прикрије злосторствата против човечноста кои НАТО ги почини.

Се што се деси во Хаг за нормален разум е неразбирливо. Креираа оптужници и водеа нелегитимни постапки од аспектот на Уединетите Нации и меѓународното право. Не сум осуден за дело на било кој од моите војници, а поготово не за свое лично. Спрема нив требало како командант да го предадам корпусот, да се повлечам и да ја издадам својата земја. Кој прав генерал би го направил тоа-вели генералот.

ВНУКАТА ПРВПАТ ЈА ВИДЕЛ ВО ЗАТВОРОТ

Последиците на 10. години украдена слобода, мојата и на моето семејство и денеска ги чувствувам. Се додека здравјето ме служи, а сега е под контрола на нашите лекари, доволно ми е само да сум со најблиските. Додека сум покрај нив на ниѓто неможам да се пожалам-говори Лазаревиќ.

Внуката Лана ми се роди додека бев во Хаг. Тоа е уште едно злосторство спрема моето семејство.Човек кога е лишен од слобода без никаква основа, само затоа што ја бранел својата земја и може сам некако тоа да го поднесе. Но кога за тоа трпи цело семејство тогаш тоа е стварно премногу.

Деновите сега ги поминува со сопругата Олга, тројцата синови и внуците Лана, Николина и Лазар. Во десетгодишното престојување во Хаг ги гледал еднаш до двапати годишно.

Требаше и пари и здравје се тоа да се издржи. Тоа беше големо мачење за нив, проведување низ разни капии и процедури. Додека дојде до средбата останува баш малку време за разговор-говори генералот.

НИВНИТЕ БОМБИ И ПОНАТАМУ УБИВААТ

Последиците од бомбардирањето 1999.година со забрането оружје во Србија ќе се чуствуваат со милениуми и државата мора нешто да превземе да го ублажи нивното дејство-тврди Лазаревиќ.

И сега не убиваат по Србија. Времето на радиоактивното дејство на осиромашениот ураниум кој НАТО го користеше во агресијата на нашата земја трае четири милијади години. Употребуваа забрането оружје. Зошто инаку Уединетите Нации после војната би барале од НАТО точни локации и точни количини на оружје кое го користеа во бомбардирањето на Србија. НАТО списокот го достави тек 2004, и тоа за 102 локации, иако се сумња дека се многу повеќе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here