дома Балкан Вучиќ: Две опции кога станува збор за решението на косовскиот проблем

Вучиќ: Две опции кога станува збор за решението на косовскиот проблем

481
0
АКЦИЈА

Председателот на Србија Алексаандар Вучиќ изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решението на косовскиот проблем, но дека пореален предлог е опстанокот на замрзнатиот конфликт.

“Најголоем број на учесници на внатрешниот дијалог за Косово се залагаа за зачувување на статусот кво и зачувување на замрзнатиот конфликт и да се чекаат некои подобри прилики”, рече Вучиќ на округлата маса во рамките на внатрешниот дијалог за Косово.

Он кажа дека е против такви решенииа и дека со протокот на времето Србија нема да добие ништо, туку во подобра ситуација ќе биде другата страна.

Вучиќ рече дека преговорите помеѓу Београд и Приштина ќе бидат продолжени, но не се знае во кој формат.

“Кога ќе исполните се што е потпишано ќе бидеме спремни да продолжиме со разговорите”, порача Вучиќ.

Он рече дека целта на aлбанската страна е по секоја цена да го освои северот на КиМ и да оствари полн суверенитет.

Вучиќ говорејќи за апсењето на Марко Ѓуриќ и упадот на силите на косовската полиција на северот на Косово, рече дека Приштина тоа го направила да го прикрие протерувањето на гуленистите, а “тоа беше и штих проба за завземање на северот”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here