Канцеларијата на првата француска дама Брижит Макрон поднесе тужба за узурпирање на идентитет, након што е откриено дека наводно од адресата на нејзиниот кабинет се пратени неколку имејлови во кои се бараат привилегирани услуги, пренесоа француските медиуми.
Во имејловите од канцеларијата на првата дама, се барале резервации во луксузни хотели и ресторани во Франција и во иностранство, наведе радио РТЛ.
Имејловите се пратени на различни адреси во Франција, Мароко и Австралија.
Целиот случај е откриен откако што француското дипломатско представништво во Хонгконг добило обавестување од локалните власти на кои им било упатено писмо за посета на Брижит Макрон и за нејзините побарувани услуги во текот на боравењето, додека таа посета воопшто не била планирана.
Веста за тужбата и лажните имејлови ги потврди Елисејската палата.