дома Вести Средбата во Виена заврши без конкретен исход

Средбата во Виена заврши без конкретен исход

478
0
АКЦИЈА

Без конкретен исход заврши и денешната средба околу прашањето на името меѓу двајцата шефови на дипломатии, Никола Димитров, Никос Коѕијас и посредникот на ООН, Метју Нимиц. Беше разговарано за тешки прашања, но се уште останаа важни прашања за решавање, изјави посредникот Нимиц по денешната средба, која според учесниците беше оценета како доста сериозна. На иста линија со Нимиц беше и Димитров, според кого, колку поблиску се стигнува до конечното решение, на површина испливуваат најголемите тешкотии.

Серијата средби ќе продолжат во иднина, поставивме еден работен пат, и можам да кажам дека, без да навлегувам во детали, ги адресиравме тешките прашања, се уште постојат тешки прашања кои треба да се решат, но според моето мислење и долго искуство, постои многу позитивно чувство. И двајцата министри се фокусирани на долгорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап “, изјави Метју Нимиц, посредник на ООН за името

Коѕијас истакна дека сега веќе се јасни точките околу кои страните се согласуваат и точките околу кои постојат разлики, изразувајќи оптимизам дека „големиот чекор“ ќе биде направен на следната средба.

„Ги утврдивме деталите околу кои се согласуваме и работите за кои имаме спротивји ставови. Се надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор. Одличната работа направена од нашите дипломати, исто така ја оформи следната позитивна агенда за соработка и заедничкиот курс на двете држави, бидејќи очекуваме решавање на спорот“, посочи Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција

Оваа рунда на преговори уследи по размената на предлог-договорот на страните и посредниците. Македонија отфрли сложено име кое би се пишувало слеано и без превод, на што инсистира Атина и ја исклучи можноста за уставни измени, барање на кое инсистира Грција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here