Кога во една од најстарите демократии во светот, приврзаниците на претседателот во заминување ги доведуваат во прашање легитимните резултати од изборите, тоа е удар врз универзалниот принцип – еден човек, еден глас“, рече Макрон.
„Она што се случи во Вашингтон секако не е американски“, заклучи тој во официјалното соопштение од Елисејската палата, објавено на социјалните мрежи околу три часот наутро.
„Пред повеќе векови решивме да ги ставиме човечкото достоинство, мирот, почитта кон другите и признавањето на слободата над сѐ друго. Тој избор е загрозен денес во нашите демократии“, додаде тој.
„Сакам да кажам дека веруваме во моќта на американската демократија. Сакам да кажам дека сме им пријатели на американскиот народ и на американската демократија. Сакам да кажам дека со заедничката борба нашите демократии излегуваат посилни од оваа ситуација што ја преживуваме денес“, рече Макрон.