Претседателот на Социјалдемократската партија и бившиот претседател на Србија Борис Тадиќ објави дека е позитивен на вирусот корона, но дека се чувствува добро, дека добил адекватна терапија, а им се заблагодари и на персоналот на болницата Др. Драгиша Мишовиќ.
„Ви благодарам на сите за желбите за моето оздравување. Посебно благодарам на медицинските сестри и лекарите во болницата Др. Драгиша Мишовиќ, на огромниот труд, напиша синоќа Тадиќ на Твитер.
„Носете маски и чувајте се” порача Тадиќ, пренесува Танјуг