дома Балкан Русија секогаш ќе ја подржува Србија, особено за Косово

Русија секогаш ќе ја подржува Србија, особено за Косово

413
0
АКЦИЈА

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими Александар Слутски, претседателот на комитетот за интернационални работи на Руската Дума.

(Tanjug)
Александар Вучиќ и Александар Слутски

Тие се сретнаа во Белград и дискутираа за понатамошната соработка на Србија и Русија во сите сфери, претседателскиот прес сервис соопшти денеска.

Вучиќ рече дека бил почествуван да го сретне претседателот Путин во Кина втор пат годинава, и дека секоја од нивните средби содржи висок степен на разбирање и доверба, што ги карактеризира односите меѓу Србија и Русија.

Тој изрази благодарност за активната подршка на Русија во брнењето на интегритетот и независноста на Србија, и нејзините национални интереси.

Слутски рече дека Москва е горда на релациите меѓу двете држави и дека се блиски колку што е тоа можно, тој подвлече дека Русија секогаш ќе ги подржува српските позиции, а посебно кога се работи за Косово и Метохија.

Вучиќ го информираше за развитокот на состојбата во Косово и Метохија, посебно за бројот на мерките превземени од Приштина, кои покрај изостанокот во преговорите-причинија влошување на условите за живот на Србите во косово и Метохија.

Вучиќ рече дека дијалогот може да продолжи ако Приштина ги укине неразумните такси на српската роба и Србија секогаш ќе биде посветена на политика на мир и стабилност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here