дома Балкан Новороденчето го прогласиле за мртво, па го дале на усвојување.

Новороденчето го прогласиле за мртво, па го дале на усвојување.

183
0
АКЦИЈА
Бебе во болница после породувањето

Комисијата на владата на Србија за истражување на случаите за исчезнати бебиња и здружението “За вистина и правда за бебињата” дојдоа до првото дете за кое постојат конкретни докази дека како бебе е украдено.

рече за Новости Радиша Павловиќ, членот на комисијата и претседателот на здружението, па рече дека станува збор за маж кој своевремено бил посвоен.

–Посвоеникот ми се обрати за помош мене и на заменичката на здружението Миланка Момчиловиќ да му помогнеме да дознае кои му се родителите. Кога почнавме да истражуваме, сватифме дека жената која се води како негова мајка низ комплетната документација, од породувателниот протокол, преку првиот упис на матичната служба до усвојувањето- не постои. Две матични служби ни потврдија дека жени со такви генералии, ни под девојачко, ни под омажено презиме, нема ниту никогаш имало- вели Павловиќ.

Дека Таткото е непостоечки јасно е зато што постојат две пријави за породувањето. Во првата се наведува името на таткото, но меѓутоа во другата, го нема. Ја нема ни брачната состојба на жената која е наводна мајка, а непостоечка мајка во посебни документи се одрекува од детето и го дава на посвојување.

Породувањето се десило на 3. март 1981 година во општата болница во Крушевац. Павловиќ вели дека е јасно дека некое дете морало да биде прогласено за мртво, да би се дошло до бебе за посвојување, а тогаш е измислена мајката и сите нејзини податоци, и формално е “обработено” усвојувањето.

Овој човек затоа ги повикува сите жени кои таа дата се породиле во Крушевачката болница, а им е речено дека детето им починало, да се јават на здружението и владината комисија. Тоа на надлежните органи во многу ќе им ја олесни потрагата

Бидејќи во податоците стои непостоечка мајка од едно село во близина на Алексинац, Радиша Павловиќ и Миланка Момчиловиќ обавија разговори и во Алексинечкиот центар за социјални работи. Таму се обиделе да дознаат со кого работниците на центарот, пред него што тогашниот директор потпишал решење за усвојување, разговарале ако мајката не постои. Но не наишле на одговор.

– Ќе поднесеме кривични пријави против одговорните во болницата во тоа време, да би дознале кој лекар работел, која бабица, кој персонал бил во таа смена. За сега не ни е цел да бркаме кривци, а јасно е дека во овој случај повеќе особи биле во спрега, туку да дознаеме кој се биолошките родители на овој човек. За целиот случај ја обавестивме полицијата и обвинителството- вели Радиша Павловиќ.

дека во случајот на усвојување на Крушевачкото бебе нешто не штима, покажува и документацијата од матичната служба. Имено, како што тврди Павловиќ, матичарот го запишал раѓањето на бебето во матичните книги, пред него што воопшто стигнала пријава дека бебето е родено.

Се претпоставува дека ова не е единствен случај на бившите Југословенски простори. Исто така се претпоставува дека има многу вакви случаи. Бебињата прогласувани како мртви биле скапо наплаќани од тогашната мафија во бели мантили.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here