дома Балкан Јанушев: Власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани

Јанушев: Власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани

480
0
АКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот. Според најавите на генералниот секретар, Игор Јанушев, партиските органи ќе донесат одлука како ќе се позиционираат во однос на референдумот закажан за 30 септември.
„ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно“, рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата.

Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е за нив двосмислено.

„Власта одлучи да распише референдум за договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455 000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заев насила турка двосмислено прашање за исполнување на грчките црвени линии. Да беше убеден дека е заштитен идентитетот, Заев немаше да манипулира со двосмислено прашање спротивно на законот за референдум и Уставот. Требаше прашањето да биде само за Договорот со Грција. Вака се прикрива со ЕУ и НАТО“, рече Јанушев.

Тој додаде дека е срамно референдумот да се поистоветува со оној од 1991 година, бидејќи тогаш имало консензус. Јанушев истакна дека ако не успее референдумот, граѓаните ќе очекуваат оставка, а не да се префрли одлуката на институциите.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here