дома Балкан Нови сведоци ќе сведочат за масакарот кај Смилковско езеро во случајот Монструм

Нови сведоци ќе сведочат за масакарот кај Смилковско езеро во случајот Монструм

513
0
АКЦИЈА

Како што јавува Независен весник, нови сведоци ќе сведочат во случајот Монструм

Нови сведоци и прислушуваните разговори на специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“ се очекува да го расветлат петкратното убиство кај Смилсковското Езеро што се случи пред шест години.

Одбраната најавува нови сведоци кои досега не се појавиле во Судот, а нови сведоци се очекува да предложи и специјалното јавно обвинителство.

Утре треба да почне доказната постапка со сведочење на Ромите кои биле на местото на убиството. Според одредбите на Законот за кривична постапка, во овој дел од постапката не може да има измени на обвинението ниту, пак, да има нови сведоци. Мора најпрвин да се испитаат сведоците кои биле предложени од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Потоа специјалното јавно обвинителство ќе ги изнесе своите докази меѓу кои се и прислушуваните разговори.

Според она што го кажаа пред пет години во Судот, неколкумина Роми на денот кога се случи убиството биле на Смилковското Езеро. Тие тврдеа дека дента ловеле риба на езерото и дека убиените момчиња им побарале леб за да фаќаат и тие риба, но потоа момчињата заминале. Кога почнало да се стемнува, Ромите тргнале да си одат, но патот им го попречил човек со пушка во рацете и им се претставил како полицаец и им рекол: „Бегајте, ќе ве убијам“.

Кога заминале, на 15-20 метри од нив слушнале пукање. Според нивното сведочење, човекот не носел маска на себе, но никој од нив не го препозна меѓу обвинетите лицето што им се заканувало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here