дома Балкан Заев верува во решение за името пред Самитот на ЕУ

Заев верува во решение за името пред Самитот на ЕУ

445
0
АКЦИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.
Заев денеска во Арачиново каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, истакна дека брзото решавање на спорот е врзано, како што кажа, со нашата желба да има решение пред Самитот на ЕУ и пред Советот на ЕУ закажан за 25 и 26 јуни, нагласувајќи дека деновите се броени.

Потенцира дека е битно да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here