дома Србија Блокада на сообраќајот во Нови Сад. Полицијата: Доколку не ги тргнете возилата...

Блокада на сообраќајот во Нови Сад. Полицијата: Доколку не ги тргнете возилата ќе добиете прекршочни казни

475
0
АКЦИЈА
Novi Sad, 11. juna 2018.- Blokada saobracaja na raskrsnici Bulevara Oslobodenja i Futoske ulice u Novom Sadu zbog poskupljenja goriva. FOTO TANJUG/ JAROSLAV PAP/ nr

Возачите во Нови Сад, нездоволни заради зголемувањето на цените на горивата, сабајлево околу 7.20 часот блокирале три смера на раскрсницата кај Футошкиот пазар. Тие ги тргнале своите возила нешто предe 11 часот, со што протестот бил завршен. Сообраќајот накратко бил закочен и на мостот Газела во Белград, а бил блокиран и Зрењанинскиот пат, кај Борча.

Припадниците на сообраќајната полиција ги снимале регистарските ознаки на возачите во Нови Сад и им соопштиле на демонстрантите дека, доколку не ги тргнат возилата, ќе добијат прекшочни пријави.

Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ ја осуди блокадата на рскрсницата и оцени дека е недопуштливо илјадници Новосаѓани да бидат заложници на групичка луѓе.

Протестот претходните три дена е одржан во повеќе градови во Србија, а организиран е по пат на друштвените мрежи затоа што цените на горивата од почетокот на годината пораснале скоро за девет динари по литар, а дизелот за повеќе од 11 динари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here