Легендата на аргентинскиот фудбал Диего Марадона го подржа претседателот на Венецуела Николас Мадуро претсавувајќи се како негов “војник” на последниот митинг пред претседателските избори закажани за во недела.
Марадона во бермуди и со знамето на Венецуела се качи на трибината покрај Мадуро пред неколку илјади подржувачи на претседателот собрани во центарот на Каракас.
Додека Мадуро држеше говор, Марадона покажуваше знаци на подршка играјќи на музиката и пеејќи ја песната на кампањата на претседателот на Венецуела.