Ќе разгледаме како можеме да работиме заедно во соработка во Европа, за да обезбедиме поголема стабилност и просперитет за Западен Балкан, изјави британската премиерка Тереза Меј, пред почетокот на денешната средба на врвот ЕУ-Западен Балкан.
Меј ја оквалификува средбата како важен собир, на која ќе се разгледа како да се работи на заедничко засилување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.
Таа изрази задоволство што Обединетото Кралство ќе биде домаќин на петтата од годишните средби на врвот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во јули.
Според неа, таа средба ќе ги надградува резултати од денешната средба во Софија. Меј додаде дека нејзината држава ќе ја напушти и Цариската унија со напуштањето на Европската унија, но ќе разговараат за идните царински договори со ЕУ.
Превземено од IPORTAL