Американскиот претседател Доналд Трамп кој доцна вчера го собра својот тим за државна безбедност, сеуште не донел одлука за можната војна акција во Сирија која би била одмазда за нападот во градот Дума каде сириските власти, спрема тврдењето на западните земји, користеле хемиско оружје
“Уште не е донесена конечна одлука”, рекла потпаролката на Белата куќа Сара Сандерс и додала дека Трамп ги продолжува консултациите со британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел макрон.
Британската влада вчера потврди дека Трамп и Меј во телефонски разговор се сложиле оти употребата на хемиско оружје не може да остане без одговор.