Ако спорот со името не се реши до јуни, а сепак дијалогот за името напредува, мислам дека е изводливо Грција да прифати Македонија да почне преговори со ЕУ, а паралелно да течат преговорите за спорот за името, изјави поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере во емисијата Фактор магазин на ТВ 24.
-Грција има голема одговорност и се надевам дека го разбира тоа и дека ќе одговори реципрочно и дека решението ќе биде со целосно почитување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и богатото наследство кое не на штета на наследството на Грција или на некој друг. Многу е важно конечно решението на спорот со името да е такво кое навистина целосно ќе ги почитува правата и идентитетит на обете страни – вели Фуере.
Имајќи во предвид дека идната година се избори во Европскиот парламент и Европската комисија, тој истакнува дека од суштинско значење е во текот на оваа година Македонија да ги започне преговори со ЕУ.
Превземено од: IPORTAL